Во последните неколку месеци, руската војска неутрализирала некои од најобучените единици на вооружените сили на Украина во областа на Бахмут, пишува Волстрит џурнал, повикувајќи се на неименувани украински офицери.
– Офицерите велат дека неколку единици, вклучително и некои од најдобро обучените, биле поразени за време на борбите во регионот Бахмут во последните месеци, пишува американскиот весник.
Забележано е дека бригадите лоцирани во близина на градот се разликуваат по нивото на обука и не можат секогаш нормално да комуницираат меѓу себе. Како што изјави еден од украинските команданти за медиумот, неговите позиции биле окупирани поради фактот што блискиот баталјон, составен од лошо обучени доброволци, без предупредување ја напуштил нивната област, се вели во текстот.
Во петокот, основачот на руската платеничка паравоена формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, рече дека борците на групата речиси целосно го опколиле Артјомовск (Бахмут). Еден од припадниците на единицата појасни дека сите правци на снабдување и повлекување на украинската војска од градот се во „огнената зона“ на руската артилерија.
Бахмуте се наоѓа во Донецка Народна Република, која Русија лани ја анектираше и ја приклучи кон својата територија. Градот се наоѓа во делот на ДНР кој сè уште е под контрола на Украина, северно од Горловка. Таму со месеци се водат жестоки борби.