Американскиот бруто домашен производ (БДП) во третото тримесечје од фискалната година скокнал за рекордните 33,1 отсто, покажаа во четвртокот соопштените прелиминарни процени на министерството за трговија.

Станува збор за најбрзиот раст на американската економија од 1947 година, од кога владата започнала со собирањето на овие податоци.

На квартално ниво најголемата светска економија пораснала за 7,4 отсто, покажуваат првите процени на американското министерство за трговија.

Во периодот од април до јуни, американскиот БДП потона за рекордните 31,4 отсто на годишно ново, и за 9 отсто во однос на првите три месеца годинава, бидејќи владата им нареди на компаниите да ги прекинат активностите, а на граѓаните да останат дома поради пандемијата на коронавирусот. Потоа следеше инсистирањето на претседателот Доналд Трамп сојузните држави да започнат со отворањето и ублажувањето на рестриктивните мерки за зажувување на стопанството.

Процените за третиот квартал сведочат дека стопанството во голема мера ги надоместило огромните загуби забележани во екот на првиот бран од пандемијата на коронавирусот.

Скокот на БДП-то во периодот од јули до септември го одразува, меѓу другото, зголемувањето на личната потрошувачка на услугите, во прв ред кај здравствената нега, доставувањето на храна и прехранбени продукти и сместувањето. Американците повеќе трошеле и на моторни возла и на делови, како и на обувки и облека, стои во извештајот на Министерството.

Ваквиот показател доаѓа и во времето кога поради корона-кризата во економијата без работа останаа десетина милиони Американци, покрај над 222.000 починати од Covid-19, наспроти рекордно ниските показатели за невработеноста изминатите три години.

Сепак, американскиот БДП и натаму е значително послаб отколку пред пандемијата, а аналитичарите на Reuters предупредуваат дека напредокот забавува имајќи предвид дека САД повторно бележат остар раст на бројот на новозаразените.

Досега надоместени се малку повеќе од половината од вкупно 22,2 милиони работни места загубени во пандемијата.

Засебниот извештај на министерството за труд покажало дека минатата седмица 751.000 граѓани предале барање за исплата на надомест за невработени, 40.000 помалку од седмица порано. Тоа истовремено, пак, значи драстично помалку отколку во март кога такво барање предале 6,867 милиони граѓани во мај.

Најновите податоци за БДП-то внимателно се следат, имајќи предвид дека се последните важни показатели пред претедателските избори на 3-ти ноември.