Американскиот Центар за јавно здравје ги предупредува своите жители дека ризикот од Ковид-19 во Македонија е многу висок. Оттаму препорачуваат патниците да ги избегнат сите меѓународни патувања во Македонија кои не се неопходни.
Патниците со зголемен ризик треба да размислат за одложување на сите патувања, вклучително патување во Македонија, стои во препораката од Центарот кој нашата земја ја сместува во најризичната трета категорија на држави за кои се препорачува Американците да ги откажат или одложат своите патувања.
Дополнително тие предупредуваат дека ризикот да заболат од Ковид 19 во Македонија е многу висок, а доколку им е потребна медицинска помош и третман ресурсите се лимитирани.