Националниот институт за здравство на САД додели едногодишни дополнителни грантови во вкупна вредност од 1,67 милиони американски долари на пет институции за да ги истражат потенцијалните врски помеѓу вакцинацијата против КОВИД-19 и менструалните промени.

Многу жени пријавиле дека доживеале нередовни менструални циклуси или прекин на менструалните циклуси, крварење што е пообилно од вообичаеното и други менструални промени по примањето вакцини против КОВИД-19. Грантовите се со цел да се утврди дали таквите промени може да бидат поврзани со самата вакцинација за КОВИД-19 и колку долго траат промените.

Исто така, истражувачите ќе се обидат да ги разјаснат механизмите на потенцијалните менструални промени поврзани со вакцината, објави самиот Национален институт за здравје на САД.

Бројни фактори можат да предизвикаат привремени промени во менструалниот циклус, што е регулирано со сложени интеракции помеѓу ткивата, клетките и хормоните во телото. Имунолошките одговори на вакцината против КОВИД-19 може да влијаат на меѓусебната поврзаност помеѓу имунолошките клетки и сигналите во матката, што доведува до привремени промени во менструалниот циклус. Други фактори кои можат да предизвикаат менструални промени вклучуваат стрес поврзан со пандемија, промени во животниот стил поврзани со пандемијата и инфекција со САРС-КоВ-2 (вирусот што предизвикува КОВИД-19)…

Следниве институции ќе го спроведат истражувањето:

  • Boston University; Principal investigator: Lauren A. Wise, Sc.D.
  • Harvard Medical School, Belmont, Massachusetts; Principal investigator: Laura Allen Payne, Ph.D.
  • Johns Hopkins University, Baltimore; Principal investigator: Mostafa Borahay, Ph.D.
  • Michigan State University, East Lansing; Principal investigator: Stacey Ann Missmer, Sc.D.
  • Oregon Health and Science University, Portland; Principal investigator: Alison B. Edelman, M.D.