Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ќе ја напушти функцијата кон крајот на февруари, објави американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.
За заминувањето на Матис се шпекулираше откако Трамп во средата најави повлекување на американските сили од Сирија и покрај спротиставувањето на американските сојузници и воените претставници.
Матис во своето писмо наведе дека се повлекува со цел Трамп да може да добие секретар за одбрана, чии ставови ќе му бидат поблиски.
– Бидејќи имате право на секреатр за одбрана, чии ставови подобро ќе се согласуваат со вашите за ова или она тема, сметам дека за мене е исправно да се повлечам од функцијата, наведува Матис во писмото до Трамп.
Матис во писмото за оставката наведува и дека американските сојузници „ги третирал со почитување“ и оти ги користел средствата на американската моќ да обезбеди заедничка одбрана.
Трамп најави дека набрзо ќе именува нов секретар за одбрана.