По успешното завршување на првиот заеднички настан на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ), со гордост објавуваме дека имаме рекорден број на заинтересирани млади, со возраст од 18 до 28 години, кои се пријавија и учествуваа на овој важен настан.
Со вкупно 70-тина учесници, се потврди големиот интерес за развојот на еспортот и образованието во оваа област.
Овој настан не само што ја потврдува релевантноста и значењето на нашите две институции, туку и го нагласува високото ниво на ангажман и заинтересираност на младите луѓе за подобрување на своите знаења и вештини во областа на еспортот и технологијата, можноста на младите да учествуваат и научат од врвните професионалци во областа. Исто така настанот го изразува ангажманот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) за развојот на младите таленти и заедницата во целост.
Со оглед на големиот интерес од страна на младите, ние сме уште повеќе мотивирани да продолжиме со нашата мисија за образование и развој, обезбедувајќи уште повеќе можности за учество и напредок за идните генерации. Во наредните денови, ќе ги споделиме искуствата и впечатоците од настанот, како и плановите за идните активности и иницијативи на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ).
Следете нè за повеќе информации преку нашите комуникациски канали и бидете подготвени за уште повеќе предизвици и можностите за развој што ни предстојат.