Официјални претставници на јапонскиот остров Окинава денеска изразија страв дека на американските маринци кои се стационирани таму им заканува масовна зараза со коронавирусот бидејќи во последните неколку дена се регистрирани десетици нови случаи.
Претставниците на префектурата Окинава рекоа дека можат да кажат само дека „се потврдени неколку десетици“ нови случаи затоа што припадниците на вооружените сили на САД побараа точниот број на заразените да не биде објавен.
Сепак, локалните медиуми објавија дека се заразени околу 60 луѓе.
– Шокирани сме од барањата на претставниците на американските вооружени сили во Окинава, изјави гувернерот на Окинава, Дени Тамаки, барајќи повторно транспарентност од американските власти.