Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози, но АМСМ препорачува внимателно возење во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, а најмнгу се чека до половина час.
Внимателно возење заради градежни работи се препорачува на Експресниот пат А4, Штип- Радовиш кај клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560). Градежните работи се изведуваат и на државниот пат А2 делница од Гостивар ( мост кај село Здуње) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км.
Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.
АМСМ издаде посебно предупредување за внимателно возење на патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај месноста Долги Рид. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри.