Поради одрони сообраќајот на патиштата Демир Капија-Удово и Делчево-Македонска Каменица се одвива по една коловозна лента.
Автомотосојузот на Македонија изутринава соопшти дека на патниот правец Р1102 Д.Капија – Удово, на два километра пред Удово поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри. На патниот правец Делчево – М.Каменица кај местото викано Бориштието, исто така поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри.
-Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ и апелираат на внимателно возење.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.