Од 08.00 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар поради интензивни врнежи од снег, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег имаме во Јужниот и Југо-Западниот дел на Републиката,Маврово и Смојмирово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.