Ана сортирала ѓубре десет часа на ден, а еден ден кога погледнала во една црна вреќа на депонијата, видела еден куп чекови и печат на локалната болница во Сао Паоло. Таа веднаш се јавила во болницата, ги вратила парите и станала херој.
Телевизиски екипи дошле да ја снимаат, а потоа била забележана од агент на модна агенција, кој ја ангажиран да работи како модел.
– Никогаш не помислив да задржам некој од тие чекови. На пациентите во болницата им се потребни повеќе отколку мене, изјави таа за локална телевизија.
Потоа, Ана добила ангажман во телевизиска реклама и се појавила на билборди во градот. Сега рекламира трговски центар. Таа исто така се запишала во вечерно училиште и потпишала договор со модна агенција.
– Моите соништа се остварат. Мојот син вели дека изгледам убаво и мило му е кога ќе види моја фотографија на улица. Ова е она што сакам да го правам во животот, вели оваа прекрасна млада мајка. Таа додава дека работела машка работа.
-Заработував речиси ништо, а тоа беше многу тешка работа. Право да ви кажам, тоа е машка работа. Жените тоа го прават само во екстремни случаи. Јас бев единствената жена таму. Верувам дека работите сега одат на подобро. Мојот сон е да имам куќа, една соба за мене и една за мојот син – вели Ана.