Историски ден беше во вторникот. Вреди за граѓаните да се каже дека оваа почетна фаза ја има во Албанија. И таму почна скринингот, но лошиот вкус е што за да се почне Втората меѓувладина конференција ни треба консензус на крајот со уставните измени. Не ни треба гласање од Бугарија, но ново вето не е можно. Сепак вкусот не е ист, поради тие процедури што ги започна Бугарија и непринципиелните однесувања на високи бугарски политичари, рече политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 околу одржувањето на Првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ.
Според Муслиу, за нас е важно што го почнавме процесот.
– По мое, во Македонија тоа не е спорно, земајќи го предвид нашиот уставно-правен поредок, за заедниците кои се самоидентификуваат да бидат претставени во Уставот, рече Муслиу и додаде:
– Ние имаме преговарачка рамка и таа не се менува во процесот. Ние сме ја прифатиле и ЕК ја изгласала. Преговорите почнуваат со одржување на Првата меѓувладина конференција. Условно кажано ние и да го смениме Уставот после три месеци, пак нема да почнеме со преговори, додека не го завршиме скринингот. Сѐ зависи од него, тоа е поврзано, рече аналитичарот Муслиу.