Кој владее во Македонија, и дали власта има мандат за уставни и други измени со кои се доведуваат во прашање националниот и државен опстанок на Македонија, демократска држава на Македонците и сите граѓани кои живеат во неа? Што навистина се бара, а што се крие под радарот на дилемата дали да влезат Бугарите во Уставот?
По изборите во 2020 година во Собранието имаме: 41 пратеник од ВМРО ДПМНЕ, 31 пратеник од СДСМ. И тука имаме прецизен одговор – која партија победила на изборите во 2020 година, и која партија има најголем легитимитет кај граѓаните.
Оттаму, политички логично е таа партија да ја креира македонската политика и власт, особено за теми поврзани со националните и стратешки прашања за Македонија и, особено, за Македонците кои се доминантни гласачи на овие две партии.
Но, се случува спротивното. Власта ја презема оној што загубил на изборите, се работи за СДСМ, и тоа на начин кој во стартот генерира корупција, политичка неодговорност и ги загрозува националните позиции и стратегија на Македонците.
СДСМ создава позиција Македонците најмалку да учествуваат во креација и одбрана на своите национални интереси кога СДСМ, за да создаде непринципиелно мнозинство, во владата да владеат 50% Албанци и 50% Македонци, спротивно на бројот гласачи и етнички состав во државата. СДСМ, за да дојде до власт и покрај голем пораз на изборите мора, под секакви услови и “договори во четири очи“ да прифати коалиции со речиси сите албански партии во Мскедонија за да дојде до поддршка на 62-63 пратеници.
Не е проблем националноста на коалициските партнери, кои и да се. Проблем е нивната политика, особено онаа која јавно ја искажуваат. Нема партија на македонските Албанци која барем декларира дека постои и работи за интерес на сите граѓани на Македонија туку се тркаат која почесто и по радиклано ќе истакне дека “нивната политика е заштита на интерсите на Албанците“… а што е со интерсите на другите граѓани?
Вицепремеирот Артан Груби, шеф на ДУИ од сенка и втор по функција во врвот на владата, дури изјавува и дека “проблемот со Бугарија си е проблем на Македонците, а не на Албанците…“ додека преговорите со Бугарија ги води неговиот колега од ДУИ, министерот за надворешни работи Бујар Османи. Кој е степенот на доверба во функционерите на ДУИ во процесот на бугарското вето и преговарањето за македонските национални интереси поврзани со условите од Бугарија со таква политика на ДУИ?
Целата анализа на Вечер можете да ја прочитате тука.