На денешната вонредна седница на Град Скопје советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска истакна дека повеќе од година дена укажуваат на расипничкото однесување на менаџментот и на градоначалникот на Град Скопје, и повика да не се манипулира јавноста и поднесениот амандман за платите да се изгласа.

„Повеќе од година дена ви укажуваме на расипничкото однесување на менаџментот на директорите на ЈП како и на градоначалникот на Град Скопје. Постојано ви укажуваме дека постојат неправилности, за тие неправилности не добиваме одговори. Повеќе од година дена укажуваме на неправилностите укажуваме и денес, денес овде за жал грубо се манипулира јавноста со нападите кои што се пренасочени на погрешна адреса. Како може една советничка група или неколку советници виновни, а од друга страна замислете ние не добиваме ни одговори на прашања а камоли да имаме некакви ингеренции врз нештата. Овде нас не ни се дава информација со образложение, каде и да отидеме да побараме информација дали во ЈП или во градот Скопје ни велат „Простете не можам ни забранија да даваат информации“ замислете им забранила градоначалничката да даваат информации мислете приватна фирма е ова“ истакна Андоновска.

Андоновска посочи да не се манипулира со јавноста и да се прифати амандманот.

„Многу е срамно да се пренасочува одговорноста кон некои кои што немаат вина за тоа. Овде се сите останати виновни само не оваа советничка група што се бори и ќе се бори да ги добие информациите јавноста. Ние сме должни да ја штитиме и градската каса, но сме должни и да обезбедиме квалитетен градски превоз, сме должни да обезбедиме непречено функционирање во сите Јавни Претпријатија. Се обедуваме на повеќе начини да го докажеме тоа. Денес го поднесовме овој амандамн со цел уште еднаш да дадеме шанса и покрај тоа што во ноември месец јасно се даде шанса и се изгласаа субвенции кои што ни беше овде кажано дека ќе овозможат средства да земат вработените пари. Дали од утре граѓаните на Град Скопје нема да чекаат по 45 минути автобус, дали граѓаните нема да се гужваат по автобусите дали по месец два нема пак да велите дајте ни уште средства. Нема да се смени ништо затоа што сте расипници, заради тоа што сте неспособни криминалци. Не кажувате ни каде ги трошите парите постојано барате пари, пари сме дале за луѓето да земаат плата сме дале пари и да има автобуси но каде се парите. Доста ја манипулирате јавноста еве поднесовме амандман за платите само се однесува изгласајте го амандманот“ нагласи Андоновска.