Стефан АНДОНОВСКИ

Денеска остварив средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер.

Во фокусот на разговорите беа проектите, активностите и целите на Министерството за дигитална трансформација.

“Нашата заложба за дигитализација не е само технички проект; тоа е дел од нашата стратегија за изградба на почесно и поодговорно општество во служба на граѓаните”.

Се согласивме дека безбедносните предизвици во сајбер просторот се сериозна закана за постојниот меѓународен поредок. Воедно, беше нагласена потребата од заеднички пристап и стратешка размена на информации и искуства особено меѓу НАТО сојузниците, во насока на успешно справување и надминување на сајбер заканите кои стануваат сѐ побројни, поразновидни и пософистицирани.

“Дигитализацијата не е само технологија; таа е алатка за транспарентност, отчетност и ефикасност. Со воведувањето на електронски услуги и дигитални системи, можеме да ги елиминираме многу од точките каде што корупцијата најчесто се јавува. Дигиталната трансформација на процесите е важен елемент во справувањето со корупцијата”