При подготовката на програмата насловена „СТОП ЗА КОРУПЦИЈАТА“, се стаса до два заклучоци – прво дека корупцијата е развиена и на највисоко и најниско ниво во државата, а второ дека нема алатка за борба против корупцијата. Ако тргнеме од формалното, напишани се бројни стратегии, патокази, одлуки на странски тела, странски анализи. Меѓутоа, видовме дека државата нема концепт за борба против корупцијата и од таму тргна нашето осмислување на програмата, изјави дополнителниот заменик министер на министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, на гостувањето на поткастот „Избори 2024: Партиски заложби против корупција“ на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.
Прв пристап е во делот на спречувањето – односно во правосудството, коментираше Андоновски. „Преку проверка на имотот на судиите и јавните обвинители, ќе воведеме филтер кој ќе треба да води кон интегритет на судиите и јавните обвинители. Втората алатка е распуштање на распуштање на судскиот совет и јавни обвинители, чии што членови покажаа партизираност и непрофесионален однос. „Замислете, членови на партиски правни комисии се бираа да го водат судството.“ Третата алатка е да судиите и јавните обвинители да бидат раздвоени во посебни Академии – Академија за судии и Академија за јавни обвинители. Целта е судиите и обвинителите да не бидат на исто место со цел спречување на блискоста меѓу нив.
Борбата со нашироко распространетата корупција мораме да ја водиме преку сеопфатна робусна дигитализација. „Дигитализацијата на регистрите и нивно поврзување ќе даде полесен пристап на сите граѓани, каде што не би можело да се чуваат предмети во фиока или пак, би можело да се дојде до потеклото на имот. Поврзувањето на Катастарот, Управата за водење матични книги, Управата за јавни приходи и Централниот регистар ќе даде вистинска слика за потеклото на имотот на функционерите, прикажување на имотот на високите административни и правосудни органи и со нив поврзаните лица.