По средбата со претставници од Клириншки Интербанкарски Системи АД Скопје, дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски најави брзи и безбедни услуги за електронско препознавање на граѓаните на Република Македонија.
– Клириншки Интербанкарски Системи АД Скопје е оператор на меѓубанкарски плаќања. Тие се едни од предводниците на дигиталната трансформација на Македонија. Нивните услуги за електронско препознавање на идентитет и потпис значат брзи и безбедни услуги за граѓаните, ефикасна јавна администрација и укинување на концептот “заборавено во фиока”.
Како што објави Андоновски на социјалните мрежи, на средбата е разговарано за дигитализација на ниво на Република Македонија. Тој вели дека негов, но и главен приоритет на МИОА е да се работи на тоа Македонија во блиска иднина да биде целосно дигитализирана.
– Со нивна помош и стручно знаење, вработените ќе посетуваат и обуки и семинари со цел да го усовршат нивното знаење во оваа област, подвлекува Андоновски.