Министерот за дигитална трансофрмација Стефан Андоновски во гостувањето во Клик Плус потврди дека неговиот татко е назначен за советник на премиерот Мицкоски за национана безбедност и дека неговиот брат е назначен за началник во АНБ за Град Скопје. Сепак, тврди дека тоа нема никаква врска со тоа што тој е министер, туку неговиот татко и брат, поседуваат квалитети и заслужено се на тие позиции. Горд е на успехот на двајцата, а грешка била на претходните влади што не ги користеле нивните квалитети.
-Мислам дека тоа е валоризација на тоа што го има сработено во неговите 35 години и на ниту еден начин не е поврзано со мојот ангажман. Напротив, сметам дека беше грешка на изминатите Влади што не го користеа неговиот ангажман кога беше активно вработен, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Со пофалби и за неговио брат, за кој вели дека со години е вработен во безбедносните структури и дека досега не напредувал во кариерата, иако законски го следувало тоа.
-Станува збор за млад човек, кој што е магистар по кривично право, 10 години вработен во таа агенција, претходно во УБК, кој што зборува неколку светски јазици и на кој сум исклучително горд. Неговите квалитети не беа препознавани до сега, тој не напредуваше во кариера, иако му следуваше по закон, додека напредуваа луѓе кои што од вчера беа вработувани, како началници, раководители на сектори, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Од СДСМ пред два дена обвинија дека откако ВМРО-ДПМНЕ го постави Стефан Андоновски го за министер за дигитална трансформација, неговиот татко, Љупчо стана советник во Владата за национална безбедност, а неговиот брат, Игор е поставен за началник во АНБ.
На прашањето дали тој и неговото семејство ќе преземат некакви правни дејствија против СДСМ, Андоновски одговори дека опозицијата не заслужува никакви деманти или останати чекори, и додава дека шират лажни вести.