Ниту опозицијата во изминатиот период во Градот Скопје нема критикувано ниедно од јавните претпријатија, зошто е тоа така? Затоа што јавните претпријатија имаат одлични резултати во работењето – вели меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и член во Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Водовод има 60 милиони денари вратен поголема наплата затоа што се договори со граѓаните кои должеле да ги враќаат долговите на рати, тоа се 1 милион евра повеќе пари во Водовод. Имате нова мрежа која ја проектира сам, имате идеја или проект за фотоволтаични панели на објектите на водовод која не стигнало до советот затоа што градоначалничката никогаш не ја поддржала или не ја прочитала – кажа Андоновски.
Тој посочи дека во ЈП Паркинг има средување на сите катни гаражи, консолидација на претпријатието, нови системи на внатре на работење, како и во Дрисла има нов објект за вработените, нови системи за преработка на опасен медицински отпад.
Има проекти кои се реализираат, има проекти кои биле оставени од претходната локална власт, почнати или непочнати, планирани или непланирани и сите кои сметале дека проекти се добри се продолжени од страна на јавните претпријатија и се реализирани – дециден е Андоновски.