Со нападите Ковачевски само покажува дека е целосно вклучен во аферата „Броило“ од 26 милиони евра и затоа нема демант и се обидуваат да ја сокријат темата да не биде во фокусот на јавноста, вели Стефан Андоновски меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес конференција.
Андоновски посочи и дека очигледен е молкот од страна на институциите вклучувајќи го и обвинителството за да се преклопи оваа тема од 26 милиони евра.
– И со нападот со кој Ковачевски се обидува да се извади од темата покажува дека само дека е целосно вклучен во овој скандал и затоа и не постои демант од негова страна дека нема вклученост во овие компании или дека во добивањето на средства во времето додека тој е мандатар, потенцираше тој.
Андоновски нагласи дека очигледна е и желбата оваа тема да не биде во фокусот на јавноста затоа што станува збор за еклатантен пример за злоупотреба и тргување со влијание кое владата го има во поглед на начин да си обезбеди средства за самиот себе.