Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека над 20 000 луѓе, вработени во угостителскиот сектор се на работ на егзистенцијата.

-Над 20 000 луѓе, вработени во угостителскиот сектор се на работ на егзистенцијата – со прекинати договори, без плати, некои отпуштени од работа, со долгови, кредити со камати кои течат. Поголемиот дел од нив се млади луѓе кои се борат да почнат од некаде во животот. Знаете, на сите не може тато да им “среди” по брза постапка стипендија во Холандија. Да не дозволиме по кризата и тие засекогаш да ја напуштат Македонија, државата која им свртела грб кога било најтешко.
Наместо да се заканувате, применете некои од мерките кои ви ги предлага ВМРО-ДПМНЕ и времено помогнете ги угостителите за да ги задржат вработените и да ја пребродат кризата. Како што се затворија со владина одлука така треба и да ги компензирате. Оние кои не почитуваат закони, казнувајте ги најригорозно што можете – но не се сите такви. Таму работат чесни луѓе кои вработуваат илјадници на кои оваа помош им е најпотребна. Не дозволувајте млади келнери да гладуваат дома затоа што се принудно отпуштени од работа.