Пендаровски ќе се бори со Арбен Тарвари за место во вториот круг. Ова во дебатниот магазин Клик Плус го изјави меѓународниот секретар Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мислам дека не му е загарантирано местото во вториот круг на Стево Пендаровски, осбено заради неговото често менување на ставови. Да задржеше еднаков став и конзистентност во неговите изјави од почетокот на мандатот до денес можеби ќе имаше сериозна шанса да биде дел од вториот круг“, изјави Андоновски.

Според него анкетите покажуваат дека во вториот круг би одела професорката Давкова со убедливо водство.

„Водството би требало да се движи над 80 илјади гласови и јас велам зошто да не успееме да стигнеме и до 100 илјади гласови“, додава Андоновски.

Во однос на минатите и овие, Андоновски вели дека ќе има драматична разлика во однос на резулатите.

„Мислам дека професорката ќе води со 80 илјади гласови разлика, а зошто да не и 100 илјади тоа ќе зависи од кампањата и излезноста секако, но мислам дека Пендаровски има сериозен проблем да го собере своето гласачко тело, минатиот пат да не заборавам позади него застанаа во вториот круг целиот албански политички фактор, вклучително и ДУИ и делови од албанската опизиција во тој момент, во моментов тоа не е случај“, додава Андоновски.

ТВ21: Очекувале ли вие сега гласови од албанскиот електорат?

Андоновски: Ова прашање најмногу треба да се постави на професорката Давкова и нејзиниот тим, сигурно ќе гостува и би требало да ја прашате и ќе ви одговори. Но мислам дека се работи за професорка и жена која што им се обраќа на сите граѓани и не е исклучно да добие повеќе гласови од очекувањата кои ќе доаѓаат од немакедонските етнички заедници во државата.

Андоновски вели дека минатиот пат ВМРО-ДПМНЕ била анатемисана пред албанскиот политички фактор.

„Дека ние сме лошите, дека ние сме тие кои ги мразат другите етнички заедници или ги мразат Албанците, но со текот на работата на градоначалниците во пракса во сите општини без разлика на етничката структура, со нашите настани, во настапите во Собрание и особено со позиционирањето на професорката Давкова ние покажуваме дека им зборуваме на сите граѓани и се залагаме за сите граѓани подеднакво и се залагаме за борба за сите граѓани. Мислам дека таа порака одлично ќе резонира овој пат со гласачите од сите етнички заедници и многу луѓе без исклучок ќе гласаат за професорката Давкова“, заклучува Андоновски.