Министрот за дигитална трансформација Стефан Андоновски потпиша трет налог за забрана на онлине игри на среќа.
-Вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа затворивме досега! И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените, објави Андоновски.
Тој потенцира дека повторно ги повикува сите наши сограѓани да ги повлечат средствата кои ги имаат депонирано на вакви страници за игри на среќа.
Новиот Закон за игри на среќа, дополнително ќе се справува со сеприсутното рекламирање и лажното претставување на приредувачите на игри на среќа.