И јас бев сведок на денешната слика во Скопје, две возила на итната помош градот е во сообраќаен колапс, но тоа и ќе помине. Тоа е што е посериозно е што таа се скара со ВМРО-ДПМНЕ, па со граѓаните, сега гледаме со медиумите и тоа го покажува крахот на една политичка кариера, рече Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во Тема на денот што се емитува во централниот Дневник на телевизија Сител.
Андоновски укажа дека Данела Арсовска се пофали дека аматерското украсување на град Скопје е поевтино, но бидејќи никој не знае ниту за донација, ниту за јавна набавка добро што некој ќе го проверува.
„Во проверката треба да се вклучи и постапката од минатата година. Но, две работи се симптоматични, не знам зошто на финансиската полиција и требаше да создава помпа и зошто не го направи тоа деновиве, туку чека и остава простор и најавува кога ќе оди во проверка. Дали со ова остава простор да снема, да исчезнат документи. Второ треба да се провери зошто Советот нема никаква информација дури и донација како што зборуваше за минатата година мора да помине во Совет, дури и најмала од еден денар или треба јавен повик да се објави. Има уште една процедура за повик за креативни решенија, но ова е класична набавка. Друго е кога станува збор за креативна идеја, документ, а не кога набавувате опрема. Тоа е исто како да набавувате компјутери и да објавите по весници“, кажа Андоновски.
Андоновски посочи дека градоначалничката не комуницира со Советот дури ни за буџетот и додаде „тврдам дека ниту една советничка група не е консултирана, денес на седница на надлежна комисија имало само навреди“.
Советникот Андоновски се осврна и на иницијата на ЛДП за референдум за отповикување на градоначалник, бидејќи согласно актуелните правни норми тоа не е можно.
„Едниот аспект е политичкиот, ЛДП покажува лицемерие, тие се дел од власта и нема потреба од референдум, едноставно е нивниот министер за локална самоуправа нека подготви измени на законот и да се предложат да се изгласаат. Вториот, во Советот претставници на власта гласаат за сите програми на Арсовска, иако ние укажуваме на тоа дека нема никаква транспарентност. Сметам дека е добро да биде отповикан градоначалник со високо мнозинство во Советот на пример на Град Скопје, но и во други општини. Ако може да се отповика претседател на држава не гледам зошто градоначалник да не може да биде отповикан“, кажа Андоновски.
Андоновски напомена дека и евентуални измени на законот за отповикување на градоначалник не може да важат за веќе избраните лица.