Како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сакам да најавам уште неколку проекти, содржини коишто како Совет ќе ги донесеме односно ќе донесеме одлуки на кои ќе се базираме и на кои ќе го темелиме Советот за подобро утре на сите граѓани.

Дел од тие одлуки се следниве.

Како Совет ќе донесеме одлука, преку општинските училишта и образовните центри да се обезбеди преквалификација и доквалификација на повредените на кои им е потребно да продолжат со своите кариери. Со одлука, учениците ќе добијат стипендии, а за оние што изгубиле наставната година, ќе обезбедиме целосна финансиска и стручна помош за подготовка и полагање на испитите.

Како носител на советничката листа најавувам и ветувам, дека сите засегнати од овој немил настан, ќе им обезбедиме и ќе имаат свој општински простор каде ќе имаат директна комуникација, лице во лице со секој советник, а не преку медиуми и улици, и истите ќе бидат вклучени во годишната програма на општина Кочани како приоритет.

Исто така сакам да најавам еден капитален проект а тоа е изградба на брана Арамиска Чешма за водоснабдување на Пониква. Комплетно изготвен проект од страна на општина Кочани, со техничка документација и пресметки. Периодот на изградба од 2027 до 2029 година. Со овој проект нашата Пониква, нашиот бисер, ќе добие нова содржина, и ќе биде уште позначаен центар и за нас како град, но и за државата.

Ви благодарам.