Јас сум Македонка од Македонија, зборувам, мислам и сонувам на мајчин македонски јазик, вели најизведуваниот современ македонски композитор низ светот, професорката по композиција Дарија Андовска.
– Одбивам да бидам дел од оние кои не дозволуваат да се наречам Македонка, да употребам придавка македонски, да зборувам на јазик кој се нарекува македонски јазик. Дали е тоа НАТО, дали е тоа ЕУ, дали е тоа весело друштво лоботомирани и продадени газови- сеедно ми е, вели Андовска.
Натаму таа додава:
– Ако се договорите за избори, ќе гласам само за тие кои ќе ги поништат двата понижувачки и девастирачки договори и ќе се грижат навистина ова да биде суверена и самостојна држава Македонија. На сите други мрсул не се фрла, пишува композиторката Андовска, која е дел од низа меѓународни музички проекти и музички педагог на Факултетот за музичка уметност и Факултетот за драмски уметности.