Холивудската глумица Анџелина Џоли (43) според пишувањата на медиумите пронашла нова љубов.
Иако разводот со Бред Пит сè уште не е финализиран, Анџелина наводно започнала врска со колегата со кој долго време била добра пријателка.
Анџелина утеха пронашла во познатиот глумец Џаред Лето (46). Тие со години се добри пријатели, а изгледа дека помеѓу нив сега има нешто повеќе од пријателство.
Имено, извори тврдат дека парот во последно време сè почесто се среќава, бидејќи Џаред ѝ понудил улога на Анџелина во филмот кој го подготвува.
Откако се раздели од Бред Пит, пред две години, Анџелина не покажуваше никаков интерес за започнување на нова врска.
Изгледа дека сепак потклекна пред Џаред, кој според многумина не е баш нејзин тип на маж.