Анџелина Џоли повторно ќе се мажи, пишува „New Idea“. Според публикацијата, актерката планира да се омажи за британски милијардер, но името не е пријавено.
Џоли уште го нема завршено разводот со Бред Пит, но планира да направи свадба во Лондон, пишува уште изданието, цитирано од агенциите.
Разводот меѓу Џоли и Пит тече веќе втора година, а двајцата меѓусебно се обвинуваат за различни гревови и не можат да се разберат за финансиските услови по раскинувањето на бракот. Според адвокатите на Бред Пит, тој веќе дал 8 милиони долари на бившата сопруга, за да си купи стан во кој во моментов живее, а исто така пренел 1,3 милиони за издржување на нивните шест деца.
Ѕвездената двојка не може да постигне договор за старателство над деца. Претходно жолтите медиуми соопштуваа дека Џоли се сретнала со мистериозниот британски бизнисмен од арапско потекло 6 месеци пред да ја објави разделбата со Пит, но тоа досега не е потврдено од сериозни извори.