Сане Влот, позната холивудска манекенка, која живее на релација Париз-Њујорк, носи титула „Ангелот на Викторија“, но работела на ревии за многу други светски познати брендови.
Влот за „Хапер базар“ открива што јаде во текот на денот за да ја задржи својата витка линија.
Сане денот обично го започнува со појадок, кој се состои од печени јајца со зачинет марокански сос од домати, фета сирења и салати. Таа, исто така, сака хумус и леб.
„Изгледа како многу храна, но сето тоа е многу лесно. Јајцата, салатите и хумусот ве прави сити и не е тешка храна за желудникот”, објаснува 24-годишната манекенка, која по појадокот обично оди на пилатес.
За ручек, обично јаде голема салата, која главно се состои од брокула, прокељ,кељ, хумус, авокадо, краставици, семки од тиква и компири.
„Сакам да јадам нешто здраво за ручек, но сепак мора повторно да ме засити, особено по тренинг. Ако понекогаш јадам нешто нездраво во ресторан, тогаш дома морам да подготвам нешто здраво“, вели моделот.
Вечерата е обично резервирана за одење во јапонски ресторан бидејќи Сане сака суши.
„Ако имам снимање во текот на неделата или ревија и знам дека мора да изгледам добро, најмногу сакам да вечерам суши затоа што е здраво и лесно”.