Оваа Влада постапува неселективно, луѓе од првиот ешалон ги става зад решетки, рече Стојанче Ангелов во вчерашното гостување на ТВ24, а во врска со апсењето на екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

-Ова преставува неселективност во приодот, одговараат сите кои направиле, прават или ќе направат кривично дело. Ова покажва сериозност на владата, требаше одредено време владата да ги пофаќа конците, но сведоци сме дека во последно време големи зверки завршија зад решетките, вели Ангелов.

Ангелов додава дека сепак треба да се почитува презумпцијата на невиност и дека Рашковски е се уште невин се до конечна одлука на судот.