Владата превенираше несакан развој на настаните на 4 февруари и не дозволи било каков несакан настан да биде искористен од Бугарија, вели во гостување во ТВ Алфа претседателот на партијата Достоинство која е коалиционен партнер на СДСМ, и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов.
– Неколку недели претходно тепачката на бандити во Охрид беше злоупотребена од бугарските власти да прикажат дека во Македонија има терор врз Бугарите. Ние не смеевме да дозволиме Бугарите да направат нова провокација и на 4 февруари и тоа да се искористи од бугарските власти.
Имаше ред таму, сите можеа да влезат по државниот врв, имаше над 150 уредно најавени делегации, по таа церемонија секој можеше да влезе и да се поклони на гробот на Гоце Делчев, а оние кои не успеале секој ден можат да му оддадат почит на Гоце Делчев, вели Ангелов.