Во низата манипулации што опозиционите т.н. новинари се обидуваат да ги протнат е и таа дека во дискотеката во Кочани имало втора врата која можела да служи за излез, но дека била затворена од полицијата поради рација.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој беше на местото на настанот за ММС ги демантираше шпекулациите дека токму таа врата била заклучена од MВР, бидејќи имало рација.
-Не е точно дека МВР ја затворила вратата. Вратата била заклучена од сопственикот којзнае од кога и имало катанец, а од надвор имало стиропор. Таа е секундарна врта и била забарикадирана којзнае од кога. Ова е голема трагедија, која не се опишува со зборови, рече кусо Ангелов за ММС.