Центарот за обука на пилоти, уништен за време на владеењето на СДСМ, сега повторно функционира благодарение на ВМРО-ДПМНЕ. Како резултат, авионите за гаснење пожар – канадерите – се вратија на должност и активно учествуваат во борбата против пожарите.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во интервју за телевизија Канал 5 ги повика малкуте останати разумни луѓе во СДСМ да престанат со злоупотребата на состојбата со пожарите и да покажат одговорност. Според него, во периодот на СДСМ, авионите за гаснење пожар беа уништени, центарот за обука на пилоти запуштен, а за воените хеликоптери немаше никаква грижа.
„СДСМ ги уништија канадерите и центарот за обука на пилоти, оставија целосен хаос и негрижа за критичните капацитети на државата. Денес, благодарение на напорите на ВМРО-ДПМНЕ, нашите пилоти се повторно во акција и успешно се справуваат со пожарите,“ изјави Ангелов.
Ангелов повика на обединување и заедничко делување во справувањето со предизвиците со пожарите, потенцирајќи ја важноста на координацијата и поддршката меѓу институциите и граѓаните.