Во врска со критиките од СДСМ дека државата катастрофално ја менаџира ситуацијата со гаснењето, Стојанче Ангелов денеска објасни дека токму тие го поставиле на позицијата прв човек на ДЗС и тогаш, во „нивно време“, работел добро.
Ја разбирам паниката меѓу граѓаните, но таа е наш непријател и може да предизвика носење лоши одлуки. Апелирам граѓаните да ги слушаат локалните или националните авторитети. Како држава имаме
-Така треба да се однесува опозициска партија, иако ова ми делува многу познато. Вакви соопштенија читав пред три – пет години од други партии, но да ги потсетам дека на чело на системот за гаснење пожар уште сум јас, Стојанче Ангелов. Тие ме ставија на оваа позиција и пред неколку години доста ја фалеа мојата работа. Со градоначалникот на Берово, Ѕвонко, од СДСМ, пет гподини гаснеме пожари, со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко, исто, со градоначалникот на Чучер Сандево, исто од СДСМ. Дали тоа значи дека и нивните градоначалници лошо менаџираат со гаснењето на пожарите? Гаснењето е обврска, пред се, на локалните сили, а кога ќе стане густо се делува со националните сили, истакна Ангелов.
Според него, може да се ангажираат колку што е потребно припадници на Армијата или да се моблизираат луѓе, но тоа не се пожарникари.
-Припадниците на Армијата се пред се војници, за сосема друга работа. Затоа помошта од Словенија и Франција може да е добредојдена. За обична бројка можеме да собереме, имаме на располагање луѓе, со тревога за еден до два часа може да упатиме доволно луѓе, но тоа не се пожарникари. Овие полицајци и војници се опремени со водни ранци и со пртивпожарни метли. Разбирам дека и опозицијата треба да каже нешто, да критикува, за разлика од лани, сега имаме многу специјални возила, 18 активни пинц гауери кои се распоредени на терен, 15 БТР-и со водни пумпи, хермелини,… Целиот систем беше разнишан минатите години, ер тракторите и лани немаа пилоти, годинава склучив договор со пензионираните пилоти, а добив повеќе од седум понуди од пилоти заинтерсирани за обука за ер трактори. Ако успеам оваа бројка најмалку двојно ќе ја зголемиме, ни фалат многу пилоти, разгледуваме можности преку ЕУ и ако се поволни можеби ќе се зајакнеме со уште неколку ер трактори, објасни Ангелов.
Тој е дециден дека пожар не се гаси од воздух, туку така само се помага.
-Пожар се гасне од земја. Категорично тврдам дека еден добар булдожер вреди повеќе од хеликоптер ако правилно биде употребен, истакна Ангелов.