Борислав Крмов – ја олеснил сметката на Левица! 5000€ исчезнати – пари што се дадени за функционирање на партијата, не за лични кешарици, вели Емилија Ангелова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Принципи? Неподмитливост? Или само уште една кешарица во џеб?!  Каде отидоа 5000€ од сметката на Левица? Партии што се декларираат како неподмитливи треба први да дадат отчет за секој денар! Или Крмов ќе продолжи со демагогија и мачкање очи? Левица постојано зборува за неподмитливост и чесност, ама кога парите исчезнуваат – мачки јаделе, пишува таа.

Ангелова праша: Па добро другари, ќе има отчетност или ќе продолжите со демагогија и манипулации?