Македонската фудбалска репрезентација денес ги започнува подготовките за натпреварот против Грузија. Селекторот Игор Ангеловски е оптимист пред баражот за Европското првенство.
– Знаеме против кого играме, знаеме за што играме. Треба да бидеме максимално сконцентрирани, мотивирано да го одиграме натпреварот и да го добиеме за конечно да се пласираме на Европското првенство. Ова е натпревар кој навистина носи посебни емоции, бидејќи имаме шанса на фудбалска Македонија да и донесеме пласман на Европско првенство. Со позитивните резултати кои ги остваривме се донесовме во таква ситуација, среќни сме што сме дел од ова финале, но не планираме тука да застанеме. Ова е потполно нов натпревар во однос на нашите два меѓусебни меча, ова е финале, двете репрезентации ќе влезат различно во дуелот во кој очекувам да решаваат нијанси, а тие да бидат на наша страна, изјави Ангеловски за веб-страницата на ФФМ.
Натпреварот со Грузија е закажан за 12 ноември во Тбилиси.