Екипата на Манчестер сити вчера му даде три гола на Евертон и дојде до бројка од 27 погодоци по седум одиграни кола, а тоа е ефикасност каква што во англискиот прволигашки фудбал не е видена цели 127 години.
Бројка од 27 или повеќе голови по воведните седум гола претходно имале Блекбурн и Престон во сезоната 1889/90, Евертон 1890/91, Сандерленд во 1892/93 и Евертон во 1894/95. Помина повеќе од еден век за повторно да се види такво нешто и оваа листа ја збогати Сити на тренерот Гвардиола.
До пред мечот со Евертон, Сити имаше 24 гола во шест настапи, најдобар скор во последните 64 сезони. Трите гола со кои дојдоа на чекор од просек од четири гола по меч по седум рунди, од овој тим на „граѓаните“ направи најефикасен од сите што беа видени во 20-ти и 21 век.
И покрај фантастичната ефикасност на Сити, тимот е втор на табелата и заостанува четири бода зад лидерот Ливерпул.