Англискиот фудбалски клуб Болтон по 145 години може да престане да постои, откако се соочува со сериозни финансиски проблеми во последните неколку сезони.
Во текот на летото, се склучи договор за продажба на клубот на бизнисменот Лоренс Басини и Болтон помина под негова контрола.
Во саботата пропадна уште еден договор, а раководството на англиската фудбалска лига му даде рок на клубот до вторник да се исплатат долговите, во спротивно ќе биде елиминиран.
Поради големите долгови пред почетокот на сезоната, Болтон стартуваше си минус 12 бода. После четири кола, екипата го зазема претпоследното место со едно реми и три порази.
Болтон е основан во 1874 година. Тој го освои ФА Купот четири пати и Суперкупот еднаш. Неговиот најдобар резултат во елитната дивизија е на третото место (три пати). Пред седум години, во сезоната 2011/12, Болтон играше во Премиер лигата.