Откако колење на јагниња во градинка е прифатливо и нормално, не постои веќе ништо што би можело да нѐ изненади во оваа држава, се истакнува во реакцијата на здружението за заштита на животни Анима мунди.
– Со видно задоволни лица, оние што треба да ги научат најмалите на љубов и емпатија ги изложуваат на немилосрден чин, трауми. Ова го нема во ниту едно нормално и развиено општество, поточно вакво нешто би било незамисливо, а потоа најстрого забрането и казниво. Ги повикуваме АХВ и МТСП итно да постапат, ова е мачење на животни, траумирање на деца, нормализирање на чин на колење и сѐ останато што никако не доликува на вработени во воспитно образовна институција!- објави Анима мунди на својот официјален профил на Фејсбук.
Според објавата на Анима мунди случајот бил во градинката „Весели Цветови“ во Делчево.