Ако сите епидемии се решаваа со убивање, немаше да има живи суштества на планетава. Бараме итно Владата да ги отповика најавените монструозни мерки, реагираат од Здружението за заштита на животните, Анима Мунди.
-Свинската чума не е опасна за луѓето, а само Македонија планира масакр на свињите, додека мерките во нашето соседство се сведуваат на хигиена, дезинсекција, исклучување на контакт, т.е. движење на животните, пријавување на секое угинато животно, забрана за увоз и извоз. Само Македонија ќе потроши 65 милиони денари од Буџетот за овој брутален колеж- надокнада од 3.000 денари за секоја заклана свиња од страна на селските домаќинства, парична награда од 1000 денари за ловџиите за секоја застрелана единка. Каде живееме ние, се срамиме и ни се гади! Бараме покрај насилниците, убијците, сторителите на други кривични дела кои се резултат на болен нагон, професионалните убијци, тореадорите, оние кои колат животни, шинтерите, оние кои поставуваат замки, џелатите, харпунистите, масовните убијци, терористите, сексуалните престапници, оние кои вршат експерименти врз животни, садистите, педофилите, постојат многу милиони болни луѓе на светот, а тоа се ловџиите, оние кои ги убиваат животните од чиста забава. Нагоните кои ги водат тие лудаци да со најкукавички средства убиваат немоќни животни, по својата бруталност ја надминуваат секоја граница на разум, се наведува во соопштението на Анима Мунди.