Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека официјална Анкара побарала од САД да испратат ракетни системи „Патриот“ за поддршка на Турција во сириската провинција Идлиб.
Чавушоглу изјавата ја даде во катарската престолнина Доха, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Во судирите во февруари со редовната сириска армија во северозападна Сирија, во провинцијата Идлиб, загинаа 55 турски војници.