Анкара ја засилува безбедноста во Егејот за да „спречи провокативни акции“ од Грција, објави вечерва турската агенција Анадолија.
Според агенцијата, турската морнарица наредила една фрегата и две топовници да бидат на штрејк, како и спеијален нуркачки тим (САТ).
Анадолија известува дека командата на турските поморски сили ги засилила мерките како одговор на грчките обиди да предизвикаат тензија во Источен Медитеран и во Егејско Море.
Повеќе детаљи не се дадени. Но, веќе подолго време трае тензијата во Егејот, а и двете страни се обвинуваат меѓу себе за провокации или за нарушување на водзушниот простор.