Ново истражување открива дека наместо заштеда, Американците кои се префрлиле да работат од дома наместо од канцеларија, потрошиле повеќе пари минатиот месец, бидејќи сметките за намирници и за комунални услуги значително се зголемиле, но трошењето за работи како ресторани, гас и облека опаднало само малку.
Промените се регистрирани кај луѓе кои живеат на северо-исток и домаќинства со пониски приходи.
Разликите според возрасната група беа најневообичаени – родените 1965 – 1979 во просек трошеле два долара помалку месечно, а „бејби-бумерс“ (род. 1946—1964 год.) трошеле 24 долари помалку месечно, додека „милениумците“ трошеле дополнителни 208 долари месечно.
– Бидејќи се очекува повеќе луѓе да продолжат да работат од дома во блиска иднина, зголеменото трошење – со повеќе одење кон продавнции за храна и помалку кон ресторани – би можело да биде тренд што ќе се одржи, вели Тед Росман, аналитичар во КредитКардс.
Вкупно 82 отсто од луѓето кои биле принудени да работат од дома би сакале да продолжат со тоа најмалку два дена неделно откако ќе бидат укинати ограничувањата.
Истражувањето се фокусираше само на „основните“ артикли и исклучени беа работи како забава, спортски настани или алкохол.
КредитКардс (CreditCards.com) побараа од ЈуГов да спроведе анкета од 21-22 мај, врз 2.768 возрасни, вклучувајќи 822 кои работеле или работеле од дома за време пандемијата со Ковид-19.