Околу една четвртина од граѓаните во Велика Британија веруваат дека ќе треба повеќе од една година за животот да се нормализира по пандемијата на новиот коронавирус.
Околу 17 проценти од луѓето сметаат дека ќе бидат потребни од четири до шест месеци, додека нешто помалку од една петтина (18 проценти) веруваат дека може да биде меѓу 10 и 12 месеци, според истражувањето на Националното биро за статистика.
Само два проценти од испитаниците сметаат дека тоа ќе трае помеѓу еден и три месеци, додека 24 проценти од испитаниците велат дека очекуваат да биде подолго од една година, пренесува Гардијан.
Исто така, само помалку од една петтина од Британците веруваат дека нивната финансиска состојба во домаќинството ќе се влоши малку во следните 12 месеци, а само четири проценти од нив веруваат дека тоа значително ќе се влоши.
Националното биро за статистика спроведе истражување на 3.631 испитаник.