Мнозинство Германци би забраниле пиротехника во своите градови за време на новогодишната ноќ, покажува анкета.
Речиси 60 отсто од пет илјади испитаници би поддржале забрана на таа пракса, се нагласува во резултати од онлајн анкета на институтот Сиви.
Околу 41 отсто одговориле „да, дефинитивно“ на прашањето „дали употребата на пиротехника за Нова година би требало да се забрани во германските градови“. За тоа се согласни и упте 18,6 отсто анкетирани.
Анкетата покажа дека забраната ја преферираат жени. Здружението на производители на пиротехника неодамна ги критикуваше се поголемиот број забрани во германски градови.