Според резултатите од последните истражувања на јавното мислење во САД, Камала Харис, кандидатката на Демократската партија, ја зголемува предноста пред Доналд Трамп, кандидатот на Републиканската партија и поранешниот претседател на САД.
Анкетите се направени нешто повеќе од два месеци пред изборите кои се закажани за 5 ноември. Тие беа спроведени на национално ниво од Универзитетот „Ферли Дикинсон“, објави „Дејлимејл“.
Резултатите покажуваат дека Камала Харис ја зголемува предноста пред Доналд Трамп, пред сѐ благодарение на зголемената поддршка што ја има кај „небелите гласачи“. Според резултатите, Камала Харис ја поддржуваат 50 отсто од гласачите на национално ниво, додека 43 отсто се со Трамп. Останатите седум отсто од испитаниците тврдат дека на изборите ќе гласаат за друг кандидат.
Очекувано, и двајцата кандидати имаат најголема поддршка меѓу регистрираните гласачи на нивните партии, додека Камала Харис води со 38 отсто поддршка кај независните гласачи, додека Трамп е поддржан од 33 отсто од нив.
Controversial national poll shows a candidate seven points ahead in the 2024 presidential race between Kamala Harris and Donald Trump https://t.co/MLPGBPT9A7 pic.twitter.com/iqsSh15p55
— Daily Mail US (@DailyMail) August 26, 2024
Интересно е што предноста на Камала Харис се зголемува ако на прво место се стават расата или полот на кандидатот, односно ако испитаниците се прашаат дали расата или полот играат значајна улога во одлуката за кого да гласаат.
„Се чини дека поддршката на Трамп се губи кога гласачите размислуваат за пол или раса. Стратезите обично сугерираат дека демократските гласачи не се грижат за идентитетот на кандидатот, но истражувањата покажуваат поинаку“, вели Ден Касино, професор по влада и политика на Универзитетот Ферли Дикинсон.