Повеќе од половината Британци поддржуваат каков и да е конечен договор за Брегзит да се стави на референдум, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење, спроведено од агенцијата Кантар.
Анкетата покажува дека вкупно 52 отсто од испитаниците поддржуваат јавно гласање за договорот, 29 проценти се против таков чекор, а 19 отсто одговориле „не знам“.
Според истражувањето, владејачките конзервативци имаат значителна предност во однос на опозициската Лабуристичка партија. Според резултатите, партијата на премиерот Борис Џонсон ужива доверба од 42 отсто, а за главната опозициската партија би гласале 28 отсто од испитаниците.
Во онлајн анкетата, спроведена од 15 до 19 мавгуст учествувале 1.133 испитаници.