Според анкетата на социолошката компанија Cluster17, дури 60 проценти од жителите на Европската Унија сакаат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да поднесе оставка, објави „Ле Гранд Континент“.
Поддршката за нејзиното заминување е особено висока во Франција (70 проценти од анкетираните), додека 49 проценти од Полјаците, 54 проценти од Германците и 60 проценти од Италијанците и Шпанците веруваат дека фон дер Лајен треба да се повлече.
Фон дер Лајен, по образование лекарка и долгогодишна германска политичарка од Христијанско-демократската унија, беше министерка за одбрана на Германија од 2013 до 2019 година, кога беше избрана за првата жена на чело на Европската комисија. Нејзиниот мандат е обележан со бројни предизвици, од пандемијата и „зелената агенда“ до енергетската криза и војната во Украина.