Анкетата на Телма, спроведена од „М – Проспект“ – која Телма ја објавува на стартот на изборната кампања покажува дека за коалицијата можеме предводена од СДСМ се определиле 23, 5 % од испитаниците, за Коалицијата за Обнова на Македонија 21,9 проценти, за ДУИ се определиле 6,4 %, а за Алијансата на Албанците и Алтернатива 5%.
ВМРО ДПМНЕ има предност од 3% само кај македонските гласачи, но на ниво на држава со гласовите на Албанците и другите етнички заедници коалицијата на СДСМ има предност од 1,6 процентни поени, што е скоро занемарлива и е во рамките на статистичката грешка на анкетата.
Анкетата е со статистичка грешка од 3,1 %, со ниво на доверба од 95% -изработена телефонски на репрезентативен примерок од 1003 испитаници, од 16 до 21 јуни годинава.