Соопштение за јавност на СДСМ:
Резултати од спроведено теренско истражување на јавното мислење од страна на Тим институт, реализирано за потребите на СДСМ.
Опцијата и политиките што ги застапува и релизира СДСМ имаат најголема поддршка меѓу граѓаните.
На прашањето за кого би гласале, за коалицијата предводена од СДСМ би гласале 24,1 од испитаниците, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21.1 од испитаниците.
Во однос на главните приоритети, истражувањето покажа дека на граѓаните важни им се економија, правда, борба против корупција, здравство.
Токму затоа како одговорна партија, работиме и зборуваме за економија, затоа се бориме за правда и борба против криминалот.
Високата поддршка на граѓаните за влез во ЕУ и НАТО го потврдува нашиот стратешки приоритет за интеграција во најмоќните светски сојузи.
Граѓаните ја препознаваат нашата борба и посветеност за право и правна држава со функционални институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата.
Кога и да има изброи, СДСМ би победила, но добро е за државата, за економијата и граѓаните, мандатот да биде завршен до крај.
Како одговорна партија, остануваме со граѓаните, продолжуваме со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО.